Стадионот на Валенсија претворен во центар за собирање на помош

t

Фудбалскиот стадион „Местаља“ во Валенсија денеска е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите во оваа шпанска провинција на југоистокот на земјата која беше погодена од разорни поплави.

Откако над 90 лица загинаа во излевање на локалните реки и лизгање на земјиштето, шпанскиот фудбалски прволигаш го стави на располагање својот дом со 49.430 седишта.

„Волонтери ќе собираат донации за настраданите“, соопшти клубот.

Локалните медиуми јавија дека од попладнево на стадионот почнало собирањето храна, облека и други потреби.

Шпанската провинција Валенсија е погодена од најсмртоносната природна катастрофа во последните четири децении.

Сè уште се трага по десетици луѓе, а на многумина им се уништени куќите.

Настапите на локалните фудбалски и кошаркарски клубови закажани за денеска се откажани.

Шпанија прогласи тридневна жалост, а премиерот Педро Санчез ќе утре ќе ја посети провинцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…