Станкова освои злато: Македонската гордост победи среде Бугарија
Македонскиот женски бокс бележи уште еден огромен успех на меѓународната сцена.
Младата и талентирана македонска боксерка, Софија Станкова, се закити со златниот медал по извонредниот настап на натпреварот во Софија, Бугарија.
Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, прикажа врвна подготвеност, силна техника и огромна борбеност на рингот.
Овој златен успех доаѓа како круна на нејзиниот континуиран напредок, откако пред само неколку месеци ја израдува македонската јавност со среброто на силниот меѓународен турнир „Златна ракавица на Војводина“.
Македонската експедиција во Софија, предводена од стручниот штаб, покажа дека македонскиот бокс има светла иднина и нова генерација на шампиони кои доминираат во регионот. Златото на Станкова е уште еден доказ за квалитетната работа со младите категории во македонскиот женски бокс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…