Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом за млади брачни парови
Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ чие соопштение ви го пренесуваме во целост.
„Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година.
Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар.
Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години.
Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава.
ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Станови со 20% попуст и нула комуналии…
Во тек е подготовката на двата специјални…
Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…
Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…
Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…
СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…