Објавено на:

Стано: Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини

t

Европската унија очекува властите во Приштина без одлагање да ја формираат Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

„Го повикуваме Косово без натамошно одлагање да продолжи со формирањето на Заедницата на српски општини во согласност со Нацрт-статутот на ЕУ“, кажа Стано за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој апелираше до Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија кои не придонесуваат за создавање поволна средина за разговори за нормализација на односите и да се заложат за решавање на сите отворени прашања во дијалогот.

Стано посочи дека ЕУ поддржува единствен институционален и административен аранжман во Косово.

„Сите досегашни договори за дијалог се целосно усогласени со овој принцип и ја следат правната и институционалната рамка на Косово, што беше потврдено со заклучоците на Европскиот совет“, изјави Стано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин со камион излета од мост на…

65-годишен возач од Србија е тешко повреден…

Синдикалната минимална кошница за мај година изнесува…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…

Eве какво време не очекува деновиве –…

Денес попладне и во вечерните часови на…

ЕУ го донесе првиот Закон за вештачка…

Земјите-членки на Европската унија денеска го одобрија…

(Видео) Атанасовски во „Тешки муабети“: Црвенковски го…

Ако одиме во теорија на заговор, велат…