Објавено на:

Стано: ЕУ нема да нападне никого!

t

Европската унија презема мерки на претпазливост со цел подобро да се подготви за можни закани, но нема намера никого да нападне, бидејќи не претставува агресивен сојуз, изјави портпаролот на ЕУ за надворешна политика Петер Стано, коментирајќи ги зборовите на белорускиот претседател Александар Лукашенко за подготовка за војна.


„ЕУ е закана само за оние кои ги кршат правата на нивните граѓани, човековите права, демократијата и почитувањето на меѓународното право. ЕУ не е агресивен сојуз, никој не треба да се плаши од Европската унија, само оние кои го прекршуваат и не го почитуваат меѓународното право… ЕУ веќе некое време презема мерки на претпазливост, почнувајќи од руската агресија врз Украина, ние ја прават ЕУ поподготвена за каква било закана“, посочи Стано одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира изјавата на белорускиот лидер.


Лукашенко претходно изјави дека Белорусија се подготвува за војна, но дека Минск не сака да војува. Според неговите зборови, земјата ја спроведува потребната обука на соодветните единици, а армијата се снабдува со разни видови оружје и опрема. Претседателот на Белорусија истакна дека Минск не е закана за никого.
Претходно директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија Сергеј Наришкин изјави дека Франција веќе подготвува контингент кој ќе биде испратен во Украина и дека во првата фаза ќе бидат испратени околу 2.000 војници.


Претходно, на крајот на февруари, претседателот на Франција, на прес-конференција по состанокот посветен на поддршката на Украина, изјави дека не може да се исклучи можноста за испраќање сили во Украина, иако за тоа нема консензус меѓу европските лидери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова Унија може да се појави на…

Интензивирањето на интеграциските процеси во областа на…