Стано за Косово: Мора итно да се дојде до деескалација, излезот мора да се најде преку дијалог
ортпаролот на ЕУ, Петер Стано, повтори дека Унијата го осудува инцидентот што се случи во Бањска и порача дека ситуацијата мора да деескалира и дека излезот од постојаните кризи на Косово мора да се најде со дијалог.
„ЕУ е многу јасна – ние сме посредникот. Двете страни сакаат да влезат во ЕУ, а нивниот пат е преку дијалог. Дека не треба да се справуваме со опасни кризи како оваа што ја имаме сега, туку да им помогнеме да напредуваат кон нормализација и помирување. Сето тоа многу јасно стои во соопштението на членките на ЕУ – како мора да се однесуваат за да влезат во ЕУ“, рече Стано на прес-конференцијата во Брисел.
На прашањето на новинарите дали постои можност за воведување мерки, Стана рече дека истрагата сè уште е во тек и дека сè уште се испитуваат сите факти за тоа дело.
На прашањето дали високиот комесар за безбедност и надворешна политика, Жозеп Борел, планира уште една средба на високо ниво со Белград и Приштина, Стано рече дека тоа е дел од дијалогот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…