Стан во Центар продаден за 3.360 евра за квадрат
Стан од 50 квадрати, од кои четири се тераса, во Општина Центар бил продаден за 168 илјади евра или 3.360 евра за квадрат, според податоците што ги објави државната агенција МИА повикувајќи се на податоците од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности во првата половина на 2026 година.
Ова е највисоката купопродажна цена по квадратен метар за стан што била постигната во првата половина од 2026 година.
Најскапата куќа, пак, била продадена во Карпош – има 575 квадрати, а се наоѓа на земјиште со површина од 1.731 квадратен метар. Овој имот бил продаден за 1,5 милиони евра.
Кога се во прашање деловните простори, со највисока цена бил продадена површина од 3.478 квадратни метри. Вкупната цена била 6.798.924 евра или 1954 евра по квадрат.
И покрај високите цени, според полугодишниот Регистар на цени и закупнини за пазарот на недвижности во првата половина на 2026, пазарот на недвижности бележи благ раст во споредба со лани.
За половина година евидентирани се вкупно 16.126 трансакции што се однесуваат на купопродажни договори или закупи. Од нив, 11.395 се за купопродажба, а 4.731 за закуп.
„Во споредба со првото полугодие од 2025 година, кога биле регистрирани 15.779 трансакции, во првото полугодие на 2026 година забележан е благ пораст на вкупниот број на трансакции од 2,2%“, пишува во Регистарот на Агенцијата за катастар на недвижности.
Од вкупниот број трансакции, 11.395 се за купопродажба, а 4.731 за закуп. Овде не влегуваат само становите, куќите и деловните објекти туку и друг недвижен имот како градежно и земјоделско земјиште, гаражи и др.
Според нотираното во извештајот, умерениот пораст на трансакции „укажува на стабилна активност на пазарот на недвижности“ во првата половина од годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…