Стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 22,2%, или повеќе од 390.000 се сиромашни!

t

Во 2023 година стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 22,2 отсто, покажуваат податоицте на Државниот завод за статистика. Според бројките од последниот попис, односно на вкупно разидентно население од милион и осумстотини илјади жители, 22,2% се нешто повеќе од 390.000 жители.

Според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2023 година. Сиромаштијата се пресметува врз основа на приходите, а прагот е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Кога се анализира по типови домаќинства, домаќинствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца имале стапка на сиромаштија од 17,8%. Според економската активност, 8,4% од вработените лица биле сиромашни, додека кај пензионерите стапката изнесува 11,3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…