Стара граната пронајдена кај новиот кружен тек во Дебар

t

Пронајдена е стара граната при извршување одредени зафати на новиот кружен тек во Дебар, што се гради во близина на општата болница.

Експлозивната направа е пронајдена при ископ заради замена на водоводна цевка кај кружниот тек кој е во изградба.

– Гранатата, која најверојатно е заостаната од Втората светска војна за среќа не експлодира. Веднаш беа известени надлежните органи кои ги презедоа потребните активности, информираа од Јавното комунално претпријатие „Стандард”.

Инаку, на кружниот тек, што е трет во градот работите се одвиваат непречено, а вчера се вршело замена на постојната Ф-90 цевка, која била амортизирана и причина за чести дефекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин се фокусира на миграцијата за да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Ванковска за Апасиев: ЕДИНСТВЕН по своите квалитети…

Димитар Апасиев го познавам од неговите студентски…

МНР ќе упати порака за претпазливост до…

Нема нови пријави од наши граѓани кои…

НИ ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Следната недела е Лазарова Сабота, еден од…

Уапсени двајца струмичани, едниот доброволно ја предал…

Две лица од струмичко се уапсени за…