Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа
Британскиот премиер Кир Стармер на денешниот состанок со европските лидери истакна дека добар мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа.
– Во разговорите изминатите денови се договоривме да работиме со Украина на план за запирање на борбите, а потоа ќе разговараме со САД за заедничко развивање на планот, посочи Стармер.
Тој наведе дека разговарал и со балтичките сојузници, кои, исто така се вклучени во барање решение за стабилност на Украина и на Европа.
Русија истовремено зборува за мир, но ја продолжува немилосрдната агресија“.
Стармер, по прекинатата средба помеѓу американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги покани европските лидери на средба во Лондон.
На средбата учествуваат претседателите на Украина, Финска и на Франција, Володимир Зеленски, Александар Стуб и Емануел Макрон, премиерите на Полска, на Шпанија, на Данска, на Холандија, на Шведска, на Норвешка, Чешка, Италија и Канада (Доналд Туск, Педро Санчез, Мете Фредериксен, Дик Шуф, Улф Кристерсон, Јонас Гар Сторе, Петр Фијала, Џорџа Мелони и Џастин Трудо), германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Британскиот премиер претходно наведе три клучни услови за постигнување на траен мир во Украина: силна Украина која ќе може да се бори доколку е потребно и добра преговарачка позиција за Киев; безбедносни гаранции од европските земји и поддршка од САД.
Додека Руте на Икс објави три пораки: Сите во Европа ќе мора да направат повеќе за да ја поддржат Украина; Сите сакаме мировен договор и тој мора да биде траен. Европа навистина треба да презема одговорност во овој процес; Европа да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја одржи силна Северноатлантската алијанса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…
Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…