Стартни состави: Македонија со ултра-офанзивен состав ја напаѓа Бугарија!
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја дочека Бугарија во последниот натпревар од третото издание на Лигата на нациите. Иако натпреварот нема претерано резултатско значење, двете селекции се во директна битка за подобра позиција во групата, што носи бенефиции понатаму.
Во пресрет на дуелот, на нешто помалку од еден час пред стартот, селекторите ги отворија картите за средбата. Благоја Милевски се соочи со многу проблеми пред овој репрезентативен прозорец, отсуствуваат доста важни играчи, па јасно беше дека во Грузија се истрча со целосно измешан состав. Таков е случајот и за скопската пресметка со Бугарите,
- Стартни состави за дуелот во Скопје:
Македонија: Димитриевски; Зајков, Бејтулаи, Муслиу;Тодороски, Барди, Елмас, Трајковски, Алиоски; Ристовски, Миовски.
Пресметката на националната арена „Тодор Проески“ се очекува да се одигра во одлична атмосфера, пред солидно пополнети трибини.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откорната таблата пред македонската амбасада во Софија
Поддржувачите на „Фондацијата Македонија“ на контроверзниот Виктор…
Осуденик кого Македонија го бара со потерница…
Симеон Михаилов, осуден за обид за убиство…
Истрага на Ковеши во Германија стигна и…
По барање на Европското јавно обвинителство во…
Пожар во близина на Рилскиот манастир, ќе…
Пожар избувна во реонот на Рилскиот манастир,…
Директорот на полицијата во Благоевград сменет по…
Со наредба на министерот за внатрешни работи…