Стартува изградбата на булеварот Љубљанска
Особена чест и задоволство ми е што со одлична динамика се спроведуваат проектите кои ги ветивме во програмата „За модерно Скопје“. И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје успеавме да инвестираме и реализираме голем број капитални проекти кои суштински ќе го променат животот во главниот град, порача градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
– Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија реализација започнува денес. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение на улица Љубљанска, со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”, најави Арсовска.
Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, велат надлежните.
На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување, со што во континуитет ги реализираме проектите од програмата која ја доби поддршката на мнозинството на скопјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…