Стево Пендаровски со сопругата Елизабета на прием кај Џо и Џил Бајден
Претседателот Стево Пендаровски се наоѓа во Њујорк на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации.
Според агендата, превидено е Пендаровски да се обрати на генералната дебата во петок, 22 септември 2023 година.
Претходно македонскиот претседател Пендаровски се обрати на самитот посветен на исполнувањето на Целите за одржлив развој, оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, како и кратки средби со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, премиерот на Шведска Улф Кристерсон и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен.
Денеска тој се обрати на македонската јавност преку својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека бил срдечно примен од претседателот на САД, Џо Бајден.
– Со претседателот на САД Џо и првата дама Џил Бајден. Прием организиран од американскиот претседател за шефовите на држави во рамки на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…