Стевче Јакимовски од денеска е слободен од затвор

t

Предметот за осудениот Стефче Јакимовски е вратен од Врховниот суд на Република Северна Македонија на повторно постапување, откако судот донел пресуда со која претходната постапка се враќа на повторно одлучување.

Поради ваквата одлука, Кривичниот суд веднаш ќе ја извести затворската установа дека осудениот се ослободува од понатамошно извршување на претходно изречената санкција, објави 4news.mk

Тоа значи дека Стефче Јакимовски нема да треба да се врати на издржување на затворската казна по претходната пресуда.

Тој во моментов се наоѓа на прекин на издржувањето на казната, одобрен од управата на затворот поради здравствени причини.

По одлуката на Врховниот суд, предметот повторно ќе се најде пред надлежниот суд, кој ќе треба повторно да постапува и да донесе нова одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…