Стерјовски предупредува: Бугарски поход за асимилација на Македонците во Албанија, ја користат економската ситуација за да ни ја сменат македонската националност
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса зa европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, предупредува на нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Мала Преспа.
Македонците од Албанија, вели тој, низ историјата поминале низ многу премрежија, но опстанале.
– Пред 20 години во Преспа имавме наезда на сектата Јеховини сведоци, кои сакајќи да ја искористат економската ситуација, не избираа средства да ја сменат верата на Македонците. Ни доаѓаа по домовите, нѐ застануваа на улица, нудејќи пари, храна, книги, организираа летни кампови за младите, но не успеаја во својата намера затоа што Македонците не ги прифатија – тврди Стерјовски.
Тој додава дека во Преспа повторно се „појавиле Јеховините сведоци, но овој пат во лицето на бугарските пропагатори”.
-Тие на сличен начин како Јеховините сведоци, сакајќи да ја искористат економската ситуација, бараат да ни ја сменат македонската националност. Македонците во Мала Преспа, но и во цела Албанија каде што живеат ќе ја издржат и оваа бугарска пропаганда која врз Македонците трае повеќе од век и половина – вели Стерјовски.
Стерјовски, кој беше прв пратеник во албанскиот Парламент кој јавно кажа дека е Македонец и кој за првпат во Парламентот имаше кусо но историско обраќање на македонски јазик додава дека и на неканетите бугарски новинари во село Глобочани, општина Пустец, им порачале дека жителите се Македонци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…