Стефаноски: Целта на хибридните напади и лажните дојави можеби е градоначалникот на Град Скопје!

t

Во воените науки терминот „хибридни закани“ дефинира поширок спектар на мерки, алатки и техники, во кои се вклучени дезинформации или во конкретниов случај лажни дојави, сајбер напади, манипулација со меѓународното право, шпионажа, саботажа, политичка субверзија, економски притисок. Хибридните напади користат манипулации, со цел да извршат одредено влијание. Целта на хибридните напади е да влијаат врз јавноста или процесите, кои се значајни за донесувањето на клучни одлуки. Во таа насока, главниот фокус на хибридните напади можат да бидат лидери, јавни личности, медиуми итн. Креаторите на хибридните напади настојуваат да влијаат врз кредибилитетот и интегритетот на личностите или групите значајни за одлучувањето.

Во овој контекст се сместени и активностите на овие хибридни напади, резимира безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски.

Но, зошто лажните дојави се случуваат само на територија на Град Скопје и ингеренциите кои ги има Градот над средните училишта? Го отфрлам контекстот на Украина и геополитичките процеси. Далеку сме од избори. Можеби можно е да се користи спин за да се дефокусира јавноста од можните уставни измени, но тогаш тоа им одговора на сите политички чинители, ни тогаш хибридните напади би се случувале и кон други институции и личности.

Мојата логика говори дека цел на овие напади е Данела Арсоска бидејќи се охрабри и одважи да расчисти со партизираниот систем, криминалните дејанија и коруптивните зделки кои беа објавени, а задираа директно до луѓето на Мицковски. Но, претходно имаше расчистување и со тие што не одеа на работа, претежно гласачко тело од албанскиот кампус, но Данела е се погласна и во критика кон властите.

Така што поверојатно е дека на сите им одговара јавноста да има перцепција дека Градот не функционира во полн капацитет и да се предизвика немир и револт, бидејќи нели тоа е и стратегијата на хибридните напади. Станува збор за обид за политичка субверзија и намалување на кредибилитетот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…