Стефан Богоев именуван за нов директор на Центарот за анализи на СДСМ

t

Централниот одбор го именуваше потпретседателот Стефан Богоев за Директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, соопштија вечерва од партијата.

Останувањето на потпретседателот Богоев во партијата, кој во изминатите години извршуваше повеќе јавни функции, беше пратеник, градоначалник, со својот потенцијал, искуство и знаење ќе придонесе кон јакнење на капацитетите на СДСМ, подобрување на ефикасноста, начинот на работа и ќе допринесе во градење нов систем и пристап на градење и реализирање на политики, велат од СДСМ.

Додаваат дека Централниот одбор донесе одлука со којашто започнува постапката за избор на претседатели и членови на секретаријати на 19 партиски комисии, стручни работни тела на СДСМ, кои имаат важна улога во креирањето и евалуацијата на мерки и политики на партијата.

Преку отворен повик кој јавно ќе биде објавен, вклучително и на интернет страната на СДСМ, сите заинтересирани членови и симпатизери кои ги исполнуваат условите, кои се стручни и компетентни, можат да поднесат кандидатури. Со изборот на нови претседатели и членови на секретаријати се заокржува процесот за комплетирање на партиските тела согласно новиот концепт на работа, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…