Објавено на:

Стефан Петриќ и официјално е нов ракометар на Вардар

t

Талентираниот српски бек, Стефан Петриќ и официјално е нов ракометар на Вардар, откако потпиша двегодишен договор со црвено-црната чета, со што само ги потврди најавите за неговото доаѓање во Скопје.

Со ова, црвено-црните ја добија битката со португалскиот гигант Порто, кој исто така беше заинтересиран за доскорешниот ракометар на Партизан Станува збор за син на поранешниот вардарец, Владимир Петриќ, кој во 2015 година се пензионира токму во дресот на Вардар. Петриќ е третиот српски ракометар во црвено-црниот табор за следната сезона, по Дарко Ѓукиќ и Марко Срдановиќ, кој пред три недели потпиша договор со скопјани.

Ова не е единствена добра вест за навивачите на двојниот европски шампион, со оглед што доаѓа и потврда за останувањето на Бразилецот Леонардо Дутра. Средниот бек дојде на полусезона од Ла Риоха, кога потпиша до крајот на сезоната, со можност на продолжување на соработката, што и се случи. Дутра може да покрие и на позицијата лев бек, а претходно во кариерата има настапувано и за шпанска Куенка и за Висла Плоцк.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…

При претрес во Битола, пронајдено е оружје…

Воз излета од шини во Франција: Повеќе…

Најмалку 44 лица се повредени, од кои…

Грција петкратно го зголемува данокот на имот…

Грчката влада има намера значително да го зголеми…

Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…

Најмалку 12 лица се повредени во масовен…

УЈП ја објави листата на должници: 2.008…

Даночен долг кон државата од над 13,64…