Објавено на:

Стејт департментот му се заблагодари на Косово за прогласувањето на Иранската револуционерна гарда за терористичка организација

t

Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот му се заблагодари на Косово за прогласувањето на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација. Бирото ја изрази својата благодарност до Косово за борбата против тероризмот на социјалната мрежа „X“.

„Му благодариме на Косово за борбата против тероризмот и за прогласувањето на ИРГЦ за терористичка организација“, се вели во соопштението на Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот.

На 20 април, косовската влада донесе одлука за прогласување на ИРГЦ за терористичка организација на територијата на Косово. Премиерот Албин Курти изјави дека ИРГЦ е идентификувана како структура која го користи тероризмот и организираното насилство како инструмент на надворешната политика, придонесувајќи за регионална и глобална дестабилизација. Според косовскиот министер за надворешни работи Гљаук Коњуфца, одлуката на владата се заснова на принципот: „ние стоиме со нашите сојузници, со демократската безбедност и се спротивставуваме на теророт во сите негови форми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…