Стејт департментот не открива дали САД „помагаат во надминување“ на ќорсокакот со уставните измени

t

САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавиле од Стејт департментот за МИА.

„Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ“, вели портпарол на Стејт департментот. На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

„Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат“, изјави портпаролот.

Потсетува дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, при неодамнешната посета на земјава укажале на тоа кој е патот за нејзин напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Тешка сообраќајна несреќа во Македонска Каменица: Повреден…

Тешка сообраќајка се случила вчера во Македонска…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…