Стејт департментот објави предуслов за целосен прекин на огнот во Украина
Преговарачките страни во моментов се поблиску од кога било до прекин на огнот во Украина, вклучително и во Црното Море, и потоа можат да почнат да разгледуваат понатамошни прашања во рамките на решавањето на украинскиот конфликт, изјави раководителката на прес-службата на Стејт департментот, Тами Брус на редовниот брифинг со новинарите.
Таа најавила дека мораториумот на нападите во Црното Море му претходи на договорот за целосен прекин на огнот во Украина.
„Преговарачките тимови се состануваат во Саудиска Арабија и разговараат за продолжување на прекинот на огнот до Црното Море на патот кон целосен прекин на огнот“, рекла Брус.
Додала дека целта е целосно да се врати безбедната трговија во Црното Море.
Според неа, за суштинските несогласувања меѓу страните во украинскиот конфликт ќе може да се разговара дури по прекин на огнот.
„Само ве потсетувам дека додека не дојде до прекин на огнот, целосен прекин на огнот, дури тогаш, како што истакнаа претседателот (САД Доналд Трамп) и, се разбира, државниот секретар (Марк Рубио), ќе можеме да ги разгледаме несогласувањата и што ќе следи откако ќе постигнеме траен мир“, нагласила таа.
Портпаролката посочила дека не се работи за доверба меѓу страните, туку за продолжување на контактите.
Во Саудиска Арабија вчера продолжија руско-американските разговори за Украина.
Руската делегација ја предводи Карасин, претседател на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања и советник на директорот на Федералната служба за безбедност на Русија, Сергеј Беседа.
Во американската делегација се директорот за планирање политика на Стејт департментот, Мајкл Антон, како и помошниците на специјалниот пратеник за Украина Кит Келог и советникот за национална безбедност, Мајк Волц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите Козма и Дамјан
Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и…
За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…
Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…
Бомба пронајдена во центарот на Даблин, во…
Експерти за експлозивни направи од ирската армија…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…