Стејт департментот одобри можна продажба на оклопни возила Страјкер на Бугарија!
Американскиот Стејт департмент одобри можната продажба на оклопни борбени возила „Страјкер“ на Бугарија, чија вредност се проценува на 1,5 милијарди долари, соопшти денеска Пентагон.
Продажбата би вклучувала 183 возила произведени од компанијата „Страјкер“, вклучително и оние за транспорт на пешадија, за медицинска евакуација, како и командни возила, според Пентагон, пренесува Ројтерс.
Агенцијата за безбедносна соработка на Пентагон го извести Конгресот за можната продажба. И покрај одобрението на Стејт департментот, ова известување не значи дека е потпишан договор или дека преговорите се завршени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…