Стејт департмент: Одговорот за уставните измени треба да се бара на претстојните избори

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на Македонија укажаа на тоа кој е патот за напредок на земјата, вели портпарол на Стејт департментот.

Во изјавата за МИА од Стејт департментот за МИА наведуваат дека САД ја охрабруваат Владата на Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата.

На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

– Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат, изјави портпаролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…