Сте се запрашале ли некогаш зошто во лифтовите има огледала? – Има важни причини за тоа

t

Во секој лифт има огледала, но дали сте се запрашале која е нивната вистинска намена. Има повеќе причини за тоа.

1. Илузија на брзина

Лицата кои се во лифтот имаат друга занимација, па не обрнуваат внимание на времео поминато во возење. Пример за тоа е фактот што луѓето во една деловна зграда луѓето пријавиле дека лифтот се движи побрзо, откако барале да се корегира брзина. Сепак, дизајнот и брзината на лифтот останале исти, но било додаде огледало.

2. Клаустрофобија

Ова е многу чест проблем. Малиот простор, недостаток на воздух.. Присуството на огледало во лифтот им помага да ја намалат аксиозноста бидејќи им се создава чувство на поголем простор.

3. Безбедност

Огледалото создава чувтсво на сигурност кога луѓето кои се возат во него не се познаваат. Овозможува незабележливо да се следат движењата и однесувањето на другите.

4. Досада

Често луѓето за да не им е досадно додека се возат во лифт се гледаат на огледалото. Потврда за тоа се и селфи фотографиите од лифт кои ги преплавија социјалните мрежи.

5. Помош за лицата со инвалидитет

Огледалото им помага на лицата во инвалидска количка да влезат во лифтот без притоа да се вртат во него. Димензиите на лифтот не секогаш дозволуваат со инвалидска количка да може да се свртите внатре, па во вакви случаи огледалата се од голема помош.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лифт падна од 20 метри во Стокхолм,…

Сите пет лица кои беа во монтажен…

Сте се запрашале ли некогаш зошто во…

Во секој лифт има огледала, но дали…