Стигнаа гаранциите? Ескобар: Бугарската министерка ме увери дека нема да има нови услови за Македонија
Во интервјуто за „360 степени“, американскиот заменик-помошник државен секретар вели дека не дошол за да му кажува на лидерот на опозицијата што да прави или да му диктира услови, но дека сака јасно да стави до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа. „Јас не барам од луѓето да ја поддржат Владата. Барам од луѓето – ве молам, работете со нас, за да го поддржиме европскиот пат“ – вели Ескобар
Американскиот дипломат вели дека не е на САД да одредат дали брзи избори се решение, туку на граѓаните, а се надева дека тие „ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат“. „Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега“ – порачува тој.
Ескобар верува во она што неодамна во Дубровник го слушнал од новата бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел.
„Таа ме увери дека ако Македонија го исполни тоа што е предвидено во сегашниот договор, нема да има нови услови“ – одговара тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…