Стигнаа гаранции од САД – Ескобар: Вашингтон е ангажиран да се осигура дека нема нови барања од Софија за евроинтеграциите на Македонија
Американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД порача дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени, што на Македонија ќе и овозможи пристапување во ЕУ. Тој вели дека Вашингтон е ангажиран и со новата влада на Бугарија да се осигура дека нема да има нови барања.
За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори – изјави Ескобар.
Македонија и Албанија, тој посочи дека веќе ги отвориле пристапните преговори со ЕУ и се цврсти партнери на САД и сојузнициво НАТО, кои се залагаат за нормализација на осносите меѓу Белград и Приштина.
Ескобар истакна дека евро и евроатлантската интеграција се од клучно значење за да се намали влијанието на штетните актери во регионот, како што се Русија и Кина, но и на корумпираните локални актери, кои имаат за цел да го дестабилизираат регионот и да ги попречат интеграциите, преку проширување на своите влијанија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…