Стигнаа казни за протестите против Францускиот предлог – Апасиев: Вмроидниот МИНИСТЕР удри по активистите на Левица

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук реагираше за казните кои ги добиле активисти од Левица кои протестирале против Францускиот предлог.

– Вмроидниот МИНИСТЕР удри по активистите на Левица – напиша Апасиев на Фејсбук.

Во продолжение објавата на Левица Демир Капија на Фејсбук:

СТИГНАА КАЗНИ ЗА АКТИВИСТИТЕ НА ЛЕВИЦА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ КОИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

⚠️ И покрај промената на Министерот за внатрешни работи, продолжуваат притисоците врз активистите на Левица кои протестираа против т.н. Француски предлог. Деновивее доспеаја нови казни до активистите кои учествуваа на протестот на клучката кај Сарамзалино.

👉 За протестот што помина мирно, а на истиот имаше и членови од останатите политички партии, претходно, единствено на активистите од Левица им стигнаа покани да се изјаснат во полициската станица за наводниот „прекршок“ – „Попречување на нормално и безбедно одвивање на сообраќајот“. Деновиве, на истите им стигнаа казни на домашна адреса, за кои, доколку не бидат платени во наредните 15 дена, ќе биде извршена присилна наплата.

📬 Имено, иако на протестот имало стотина автомобили, од нив на домашна адреса добиле казна само неколкумина, потпишани од различни полицајци, без претходно да им биде кажано за правење на било каков прекршок, бидат предупредени за дислокација или да го потпишат истиот прекршок.

🚨 Претходно, кога беше доставен годишниот извештај за работа на МВР во Свети Николе, од страна на нашиот советник беше поставено прашање, „Зошто селективно се казнуваат протестирачите, а казните ги добиваат активистите на Левица?“

👉 За жал на Седницата немаше претставници на полицијата да одговоран на прашањето, а до денес немаме добиено ниту писмен одговор. На следниот линк ви го споделуваме обраќањето во Советот.

https://www.facebook.com/levicasvetinikole/videos/703567738209908

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…

Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…