Стигна “жолт картон” од Русија: Внимателно ќе ги набљудуваме вежбите на Србија со НАТО!
Русија внимателно ќе ги следи воените вежби „Платинест волк“ во Србија со учество на САД, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.
Во средата, српското Министерство за одбрана изјави за РИА „Новости“ дека армијата ќе ги спроведе вежбите „Платинест волк“ со државите партнери на 16-30 јуни за да постигне ниво на интероперабилност во мултинационалните операции. Министерството нагласи дека одлуката на српската влада од 27 февруари 2022 година, „со која се запираат и одложуваат сите дејствија во врска со вежбите со странски партнери“, се уште е на сила.
„Што се однесува до споменатите вежби, ние сигурно ќе ги следиме многу внимателно“, рече Песков.
Претседателскиот портпарол за медиумите истакна дека не престануваат обидите да се убеди Србија да заземе антируска позиција.
„Постојано се прават обиди Србија да се придобие на страната на оние кои заземаат антируска позиција. Знаеме дека Белград е под страшен притисок, притисок без преседан“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Русија е загрижена за позицијата на Србија за спроведување на воени вежби со САД и дали Кремљ верува дека се обидуваат да ја придобијат Србија на страната на антируската позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…