Стигна наградата: Копретседавачот со мешовитата комисија за историски прашања Драги Ѓоргиев е нов член на МАНУ

t

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки,  проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претходниот претседател на МАНУ бара оставка од…

Љупчо Коцарев, претходниот претседател на МАНУ, побара…

МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските…

Членови на Македонската академија на науките и…

Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање…

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно…

МАНУ никогаш не била затворена за научници…

„МАНУ никогаш не била затворена институција за…

Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…

Имаме една Академија за сите, порачува академик…