Столе повторно го запре големиот Реал Мадрид
Екипата на Рајо Ваљекано и нашиот Столе Димитриевски успеаја да извлечат позитивен резултат од натпреварот против славниот Реал Мадрид и ремизираа со конечни 1-1 (1-1) во 25. коло од шпанската Примера.
Првото полувреме беше исполнето со динамична и возбудлива игра на двете страни. Реал Мадрид многу рано, уште во третата минута поведе со голот на одличниот Хоселу, но домаќините возвратија во 27. минута, кога Раул Де Томас израмни на 1-1 со удар од белата точка. Столе Димитриевски имаше една добра интервенција во првиот дел, а на паузата двете екипи заминаа со резултат 1-1.
Вторите 45 минути започнаа со малку помирно темпо на двете страни, иако „кралевите“ имаа поголема иницијатива. Рајо не делуваше воопшто наивно и до 55. минута имаше три директни удари по голот на Лунин, но не успеја да дојде до водство.
Реал во продолжение се обидуваше да ја преземе иницијативата и да дојде до евентуално водство, но домашните играчи беа прилично мотивирани и не се откажуваа лесно од шансата за освојување барем бод против славниот ривал. Притискаа „кралевите“ и кружеа околу голот на Димитриевски, добија и слободен удар по кој се обиде Тони Крос, но нашиот Столе го спаси голот со бравурозна интервенција.
Во завршните минути сликата на теренот беше слична, но Рајо полека се ослободуваше од притисокот и на моменти играше високо пред голот на мадриѓаните. Беше очигледно дека новиот тренер Иниго Перез ги мотивирал своите играчи, а тие му возвратија со бод од дебитанстскиот дуел како главен тренер на тимот. Конечните 1-1 се чини дека се најреален резултат од случувањата на овој меч. Во завршните секунди Реал остана и со играч помалку, откако Дани Карвахал заработи исклучување и му беше покажан патот кон соблекувалната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА…
Шефот на британската армија во обраќање пред…
Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати…
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во…
Црно Море може да стане втора Ормуска…
Ситуацијата во Црното Море би можела да…
Путин ја откри следната цел на руската…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека следната…
Зеленски: Путин сака да ја уништи Украина,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остро предупредување…