Објавено на:

Столтенберг бара од Ердоган Турција да доволи влез на Шведска во НАТО

t

Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија.

Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО пред самитот на шефовите на државите на земјите-членки на Алијансата на 11 и 12 јуни во Вилнус.

Шефот на НАТО и се заблагодари на Турција што одговорила на барањето за испраќање засилување на северот на Косово.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека планира да испрати свои сили во Косово како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на КФОР по немирите во северно Косово.

Столтенберг присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој го почна својот трет претседателски мандат, што ќе трае пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…