Столтенберг бара Турција да го одобри членството на Шведска во НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му порача на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека „дојде време“ Турција да го ратификува документот за приклучување на Шведска во западната воена алијанса. Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои се уште официјално не го одобрија приемот на Шведска, потсетува АП, пренесува Танјуг.

Столтенберг во изјава за таа американска агенција рече дека за време на средбата со Ердоган, на маргините на климатскиот самит COP28 во Дубаи, ја повикал Турција да го заврши пристапниот процес на Шведска.

„Утрово се сретнав со претседателот Ердоган и ја повторив мојата порака дека е дојдено време да се финализира процесот на пристапување на Шведска. Не можам да дадам точен датум, но го поздравувам фактот што претседателот Ердоган пред неколку недели ги достави документите за ратификација до Парламентот“, нагласи секретарот.

Турција ја одложи ратификацијата повеќе од една година, обвинувајќи ја Шведска дека не ги сфаќа доволно сериозно турските безбедносни грижи, вклучително и борбата против курдските милитанти и другите групи кои Анкара ги смета за закана.

Шведска и Финска, кои се приклучија на НАТО во април, ја напуштија својата политика на неутралност и аплицираа за членство во алијансата по руската инвазија на Украина. За да се добијат нови членови, сите постоечки членови мора да ја одобрат одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…