Објавено на:

Столтенберг во тридневна посета на Турција: Ќе го убедува Ердоган да ги “пушти” Финска и Шведска во НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг утре треба да пристигне во тридневна посета на Турција, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја.

Министерството објави дека Столтенберг ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана Хулуси Акар, јави Анадолија.

Се очекува фокус на разговорите да биде продолжување на Договорот за жито од Истанбул и кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина.

Сепак, Турција, како членка на НАТО, изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги Шведска и Финска дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи, додава турската новинска агенција.

Турскиот парламент мора да го ратификува одобрението Шведска и Финска да станат нови членки на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…