Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна Кореја
НАТО упати критики кон Северна Кореја поради серијата лансирања на проектили во изминатите денови и го повика Пјонгјанг да се ангажира во дипломатијата.
– Силно ги осудувам опасните и дестабилизирачки ракетни тестови на Северна Кореја, напиша на Твитер генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека ракетните тестови ги прекршуваат безбедносните резолуции на Обединети нации и оти Пјонгјанг мора да се откаже од нуклеарната и балистичка ракетна програма.
– НАТО е солидарен со Јапонија, Јужна Кореја и партнерите на Алијансата, Нов Зеланд и Австралија, наведе Столтенберг.
Северна Кореја и денеска лансираше балистичка ракета што го прелетала јапонското копно и падна во Тихи Океан. Поради тоа властите во Токио првпат по пет години издадоа наредба за евакуација на граѓани од островот Хокаидо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…
Османи: Време е НАТО да ги отвори…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање…