Објавено на:

Столтенберг го поддржа Ердоган: Загриженоста за Финска и Шведска е легитимна

t

Загриженоста за безбедноста што ја искажа Турција во нејзиното противење за барањата за членство на Финска и Шведска во НАТО е легитимна, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Финска.

– Тоа се легитимни грижи. Се работи за тероризам, се работи за извоз на оружје, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во неговата летна резиденција во Нантали.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.

Столтенберг рече дека Турција е клучен сојузник за Алијансата поради нејзината стратешка локација на Црното Море меѓу Европа и Блискиот Исток и ја наведе поддршката што и ја пружила на Украина откако Русија го нападна својот сосед на 24 февруари.

Според него, важно е да се забележи дека ниту еден друг сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција, и затоа нејзината загриженост мора да се сфати сериозно.

Столтенберг додаде дека самитот на Алијансата во Мадрид никогаш не бил краен рок за одобрување на кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…

Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Марк Руте: НАТО е тука и за…

На прес конференција пред почетокот на НАТО…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…