Столтенберг го поддржа Ердоган: Загриженоста за Финска и Шведска е легитимна
Загриженоста за безбедноста што ја искажа Турција во нејзиното противење за барањата за членство на Финска и Шведска во НАТО е легитимна, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Финска.
– Тоа се легитимни грижи. Се работи за тероризам, се работи за извоз на оружје, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во неговата летна резиденција во Нантали.
Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.
Столтенберг рече дека Турција е клучен сојузник за Алијансата поради нејзината стратешка локација на Црното Море меѓу Европа и Блискиот Исток и ја наведе поддршката што и ја пружила на Украина откако Русија го нападна својот сосед на 24 февруари.
Според него, важно е да се забележи дека ниту еден друг сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција, и затоа нејзината загриженост мора да се сфати сериозно.
Столтенберг додаде дека самитот на Алијансата во Мадрид никогаш не бил краен рок за одобрување на кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…