Столтенберг: Командата на НАТО за поддршка на Украина ќе почне да функционира во септември
Командата на НАТО за координирање на поддршката за Украина ќе почне да функционира во Германија во септември, објави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Се договоривме да создадеме команда за координација и обезбедување помош и обука во областа на безбедноста за Украина“, рече тој по неговото пристигнување на самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија.
„Таа команда ќе почне да функционира во септември, ќе има 700 лица во Германија… и ќе обезбеди поддршка и помош за безбедноста на Украина, координирајќи ги напорите на сојузниците во НАТО“, додаде Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…