Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија.
Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту од НАТО, и дека Алијансата никогаш не била закана за Русија.
Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија, изјави Столтенберг во интервју за Си-ен-ен.
Според него, со влезот во НАТО Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен.
Столтенберг додаде дека Русија не треба да одлучува кој може да влезе во Алијансата, туку тоа е одлука на секоја независна земја.
Путин претходно изјави дека односите меѓу Русија и ЕУ во последно време се влошени, како и дека конфликтот со Русија го иницираше Европа. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУСИЈА ОДГОВОРИ СО НОВ НОЌЕН НАПАД ВРЗ…
Додека украинските беспилотни летала напаѓаа цели длабоко…
Европската комисија со шест постапки против Бугарија,…
Европската комисија покрена шест постапки против Бугарија…
Mицкоски: Ако зелената транзиција ја направиме социјално…
Зелената транзиција е неопходна, но светот ризикува…
Обвинителството бара дополнителни шест години за Тачи:…
Специјализираното обвинителство во Хаг побара Хашим Тачи…
Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството…
Папата Лав денес цврсто го повтори противењето…