Столтенберг му се заблагодари на Ердоган за Русија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му се заблагодари на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за неговата поддршка и личните иницијативи за изнаоѓање политичко решение за руско-украинската криза, пренесува Агенција Анадолија.
Столтенберг во својата изјава споделена на социјалните мрежи истакна дека имал телефонски разговор со претседателот Ердоган.
Тој нагласи дека разговарале за натрупувањата на Русија на границата со Украина.
„Му се заблагодарив за неговата активна поддршка и личните напори за изнаоѓање политичко решение“, рече Столтенберг.
Тој истакна дека ја поздравува силната практична поддршка на Турција за Украина, и дека НАТО е подготвен за дијалог со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…