Столтенберг: НАТО е подготвена да ѝ пружи техничка поддршка нa Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите

t

Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја пружат на Македонија, која се соочува со различни видови хибридни и кибернапади, вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите.

Ова на вчерашната прес-конференција, пред денешниот НАТО министерски состанок во Брисел, го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање кое го постави новинар од македонската Телевизија 21.

Прашањето кое го постави новинарот гласи:

„Пред извесно време експертски тим на НАТО предводен од г-дин Џејмс Апатураи го посети Скопје во врска со хибридните напади врз виталните институции на Македонија и лажните дојави за бомби. Тој, исто така, изјави дека Македонија не се справува сама со овој проблем и дека добива поддршка од НАТО. Можете ли да објасните за каква поддршка станува збор и што произлезе од оваа посета?“.

Одговарајќи на ова прашање, генералниот секретар на Алијансата кажа дека експерскиот тим на НАТО, кој беше во посета на Скопје минатиот месец, и Владата на Македонија договориле сет од различни краткорочни и долгорочни чекори кои НАТО и сојузниците можат да ги преземат за да ја поддржат земјава во одбраната од хибридните напади со кои се соочува.

„Неодамна, всушност, разговарав за ова прашање и со премиерот на Македонија и, се разбира, НАТО е таму за да им помогне и да ги поддржи сојузниците бидејќи сега обезбедуваме помош и поддршка за Македонија која се соочува со различни видови хибридни и киберзакани. Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја пружат на Македонија вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите“,

кажа Столтенберг.
Во одговорот на прашањето, генералниот секретар на НАТО ја искористи приликата и ја пофали македонската Влада за, како што рече, брзата и детална работа во развојот на програмата за соработка што била договорена.

На почетокот на минатиот месец, во посета на Скопје беше НАТО делегација предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, кој тогаш порача дека земјава не е сама во справувањето со хибридните напади, туку дека ја има поддршката од Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…