Столтенберг: НАТО масовно ќе го зголеми бројот на своите воени сили
НАТО масовно ќе го зголеми бројот на своите воени сили со над 300.000, изјави во понеделникот генералниот секретар Јенс Столтенберг.
„Ќе ги трансформираме силите за одговор на НАТО и ќе го зголемиме бројот на нашите сили за висока готовност на над 300.000“, им рече тој на новинарите пред самитот на НАТО во Мадрид подоцна оваа недела во Мадрид.
На самитот во Мадрид, НАТО ќе го смени ставот за Русија кој во последната стратегија на алијансата од 2010 година сè уште беше опишан како стратешки партнер.
„Тоа нема да биде случај во стратешкиот концепт што ќе го договориме во Мадрид“, рече Столтенберг.
„Очекувам дека сојузниците јасно ќе кажат дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност, за нашите вредности, за меѓународниот поредок заснован на правила“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…