Објавено на:

Столтенберг: На самитот во Вилнус ќе донесеме многу важни одлуки за посилна Алијанса

t

Отворајќи го Самитот на НАТО во Вилнус, генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска изјави дека сојузниците во двата дена ќе донесат многу одлуки за Алијансата да ја направат уште посилна.

-Ќе донесеме одлуки за зголемување на практичната и политичка поддршка за Украина. Тоа ќе ја приближи Украина до НАТО, каде што и припаѓа“, рече Столтенберг во својот воведен говор, додавајќи дека сојузниците, исто така, ќе ги зајакнат и одвраќањето и одбраната на НАТО и ќе се договорат за поамбициозно ветување за одбранбени инвестиции.

Генералниот секретар на воведната церемонија им се заблагоари на домаќинот, литванскиот претседател Гитанас Наузеда, на финскиот претседател Ниинисто, кој во Вилнус за првпат присуствува како шеф на држава на земја членка и на шведскиот премиер Кристерсон, чија земја вчера ја симна и последната пречка пред полноправното членство- со одобрението добиено од Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…