Објавено на:

Столтенберг не му верува на Путин: Нема знаци дека се откажал од амбицијата да ја присвои Украина

t

Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин се откажал од амбицијата да ја контролира цела Украина и затоа треба да се направат подготовки за долготрајна вона, изјави во средата генералниот секратар на НАТО на заминување, Јенс Столтенберг.

Не видовме никакви знаци дека Путин ги променил своите амбиции да ка контролира цела Украина и да го преуреди меѓународниот поредок, така што мора да бидеме подготвени за долготрајна војна, изјави Столтенберг пред средбата на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО, кои почнува вечерва.

Столтенберг, во изјавата за којашто се смета за вовед и порака за учестниците на состанокот, истакнува дека членките на НАТО ја поддржуваат Украина, дека треба да бидат истрајни по прашањата на санкциите против Русија, како и да ја јакнат одбраната и способноста за одвраќање, повторувајќи дека украинската војна може да трае долго.

Челникот на Алијансата истакна дека сите сојузници ги поддржуват „настојувањата да се утврдат сите факти за ѕвезрствата кои руските војници ги сториле во Украиан и сторителите да се приведат пред правдата и да бидат казнети“.

Министрите за надворешни работи на 30-те држави членки на НАТО ќе дискутираат во средата вечерта и во четвртокот за натамошна помош за Украина. Ќе разговарат за испраќање противтенковско оружје, протвивоздушни системи, кибернетичка помош, опрема за заштита од хемиски и биолошки закани, што навстува како ќе се одвива продолжението во физичкиот судир и медиумската војна околу Украина.

Во четвртокот ќе им се придружи шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба кој ќе ги извести за последниот развој на настаните, вклучително и за текот на преговорите меѓу Киев и Москва.

На состанокот, исто така, ќе учестуваат и претставници на Финска, Шведска, Грузија и Европската унија, како и партнери од азиско-пацифичкиот регион Австралија, Јапонија, Нов Зеленад и Јужна Кореја, што исто така насочува на подготвеност за долга и глобална конфронтација.

Столтенберг повтори дека НАТО е подготвен во членство Финска и Шведска доколку тие тоа го побараат, на што одамна се противеше Москва која дозволува нивно членство во ЕУ но не и во Алијансата што го смета нејзино ширење до самите руски граници и загрозување на безбедноста на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…