Столтенберг се правда: Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“

t

Украина ќе стане членка на НАТО, но „во долгорочна перспектива“, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Земјите на НАТО се согласни дека Украина треба да стане членка на Алијансата, но во исто време тоа е долгорочна перспектива“, рече Столтенберг за време на посетата на Финска, повикувајќи да се изгради „рамка“ за да се спречи во иднина Украина повторно да биде нападната.

Влезот на Украина во НАТО е апсолутна црвена линија за Москва, која ги наведува ризиците поврзани со таквата интеграција како аргумент за оправдување на нејзината инвазија.

„Прашањето сега е да се осигураме дека Украина ќе остане независна и суверена држава, а за тоа мора да ја поддржиме Украина. Војната на претседателот Путин во Украина продолжува и нема знаци дека тој ги менува своите планови. Тој сака да ја контролира Украина и не се подготвува за мир, туку за продолжување на војната. Ние исто така треба да разработиме рамки кои ќе гарантираат дека претседателот Путин и Русија нема повторно да ја нападнат Украина, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…

Црна Гора ќе ја поддржи Македонија кога…

Црна Гора ќе ја поддржува Македонија на…

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

Левица предлага државата да ви го врати…

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…

„Сам одлучив да ги запалам“: Обвинетиот за…

Обвинетиот за подметнувањето пожар на две дипломатски…