Објавено на:

Столтенберг: Сојузниците загрижени дека Кина може и материјално да и помогне на Русија

t

Западните сојузници се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка на Русија за нејзината војна во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на денешната прес конференција пред утрешниот Самит на Алијансата.

– Кина ѝ даде на Русија политичка поддршка, вклучително и со ширење бесрамни лаги и дезинформации, а сојузниците се загрижени дека Кина може да обезбеди материјална поддршка за руската инвазија, информира Столтенберг.

Тој додаде дека лидерите на НАТО што утре ќе присуствуваат на вонредниот самит во Брисел „ќе ја повикаат Кина да ги исполни своите одговорности како членка на Советот за безбедност на ОН, да се воздржи од поддршка на руските воени напори и да се придружи на остатокот од светот во повикот за итен мирен крај на оваа војна“.

Столтенберг ја коментираше и вчерашната изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку се загрози нејзиното постоење.

– Русија мора да престане да „тропка“ со нуклеарно оружје. Тоа е опасно и неодговорно. НАТО е тука да ги штити и брани сите сојузници, а ние и пренесовме јасна порака на Русија – во нуклеарна војна не може да се победи, и поради тоа не треба ни да се започнува.

– Ова само ја нагласува важноста да се стави крај на војната во Украина. Мораме да направиме сè што можеме за да спречиме војната да ескалира надвор од границите на Украина и да стане посмртоносна и поопасна од она на што сме сведоци денес. Секоја употреба на хемиско, биолошко, нуклеарно оружје ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека никогаш нема да може да победи во нуклеарна војна, рече Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…