Објавено на:

Столтенберг: Членките на Алијансата не се сложни околу прием на Украина

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска призна дека членките на алијансата се поделени околу пристапот на Украина, кој ќе биде на дневен ред на самитот во јули во Вилнус.

„По ова прашање има разлики во мислењата во алијансата“, призна Јенс Столтенберг потсетувајќи дека „во НАТО одлуките се носат со консензус“.

„Во текот на денот ќе разговарам по телефон за чекорите што треба да се преземат и одговорот на желбата на Украина да влезе во НАТО“, додаде тој. „Никој не може да ви каже што точно ќе биде решено на самитот во Вилнус“, рече тој.

Членството во НАТО ќе и овозможи на Украина да се повика на клаузулата за колективна одбрана во член 5, која ги обврзува сите членки да ја бранат во случај на напад.

Сепак, во алијансата нема консензус за терминот „гаранција“, додаваат дипломатите.

„Најголемата безбедносна гаранција ќе биде влезот во НАТО, но тоа нема да се случи додека трае војната“, рече Јенс Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…