Објавено на:

Столтенберг “Ја откри Америка”: Русија планира долга војна

t

Руското раководство се подготвува за продолжена војна во Украина, така што сите земји-членки на НАТО кои го поддржуваат Киев мора да продолжат да обезбедуваат оружје за украинската армија додека (Владимир) Путин не сфати дека не е во состојба да победи на бојното поле. Ова го изјави за АФП генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг, пренесува БТА.

– Не треба да ја потценуваме Русија, таа планира долга војна –  рече шефот на НАТО.

Според него, сè уште нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин се откажал од својата цел да добие контрола врз Украина.

– Гледаме дека тие (Русите) мобилизираат повеќе сили, подготвени се да поднесат многу жртви, се обидуваат да добијат повеќе оружје и муниција – додаде Столтенберг. Во овој контекст, тој изрази уверување дека Путин е подготвен да ја продолжи војната со нови офанзивни операции.

Сојузниците на НАТО, предводени од САД, испратија оружје во Украина во вредност од милијарди долари, а тоа му помогна на Киев да ја промени својата позиција во борбите, забележува Укринформ.

– Најверојатно, оваа војна ќе заврши на преговарачка маса, како и повеќето војни – рече Столтенберг. Во исто време, тој нагласи дека секоја одлука мора да го гарантира суверенитетот и независноста на Украина. Најбрзиот начин да се постигне тоа е да се поддржи Украина со оружје „за Путин да разбере дека не може да победи на бојното поле и мора да седне и да преговара со добра волја”, потенцира Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…