Столтенберг ќе се повлече од раководната позиција во НАТО ?!
Таа на тој начин ги демантираше наводите на германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ дека Столтенберг и по октомври ќе остане на чело на НАТО поради стабилноста на Северноатлантската алијанса.
„Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен три пати, а тој беше на оваа функција вкупно девет години“, истакна Лунгеску и изјави дека Столтенберг „нема намера да бара ново продолжување на мандатот“, пренесува Ројтерс. Велт ам Зонтаг претходно објави дека Столтенберг повторно ќе го продолжи својот мандат со цел Северноатлантската алијанса да ја одржи стабилноста за време на војната во Украина. Според германскиот весник, одлуката за наследник на Столтенберг се уште не е донесена, а најсериозни кандидати се шпанскиот премиер Педро Санчез и британскиот министер за одбрана Бен Валас. Столтенберг беше премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година, а во 2014 година застана на чело на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
Тошковски горд на полицијата: ФБИ ја потврди…
Кога резултатите од работата на македонската полиција…
Мицкоски: Кога-тогаш и Ива и нејзиниот татко…
Кога-тогаш, Ива Михаилова и нејзиниот татко кој…
Радев контра ЕУ: Го поддржа договорот на…
Лидерите на ЕУ се состануваат во Брисел…
Пожар во трафостаница во Липково, оштетено и…
Пожар избувнал во трафостаница во селото Липково,…