Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците

t

Стопанска комора бара кратење на празниците за да се зголеми продуктивноста на работниците. На адресата на Министерството за економија и труд ќе достави два предлози за законски измени.

Првиот со кој работникот ќе си избере сам за кои два верски празници ќе одмара, а кои останати ќе ги работи. Вториот предлог е кога државен празник ќе се падне в недела, да нема дополнителен неработен ден.

Во Македонија има вкупно 11 неработни денови за сите граѓани. Покрај нив, православните верници имаат уште 5, католиците 3, а муслиманите уште еден.

По еден неработен ден имаат и сите припадници на малцинските заедници. На пример, овие измени во пракса би значеле православен христијанин да си избере кои два дена меѓу Бадник, Водици, Велики Петок, Духовден или Голема Богородица ќе ги празнува, а за кои три ќе биде на работното место.

Комората направила анализа на 36 европски економии кои во просек имаат од 11 до 14 неработни денови. Македонија го следи европскиот просек со државните неработни денови, но кога ќе се додадат и верските, се искачува на пиедесталот како држава со најмногу неработни празнични денови.

Работодавците сепак немаат направено анализа на домашниот пазар за тоа колкава е загубата на компаниите за време на државните и верските празници кога работниците се дома, ниту за колку би се зголемил нивниот профит доколку работниците во овој период се на работа.

Од Сојузот на синдикати со став дека работниците заслужуваат одмор и да ги празнуваат деновите кои се наменети токму за време со семејството.

Ги прашавме и граѓаните, што мислат за кратењето на празничните денови.

Во последната програма за неработни денови на Министерството за економија оваа година предвидени се вкупно 27 неработни денови, иако тоа не значи дека секој работник одмара скоро еден месец, бидејќи дел од празниците важат само за одредени верски или етнички групи на граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…