Стопирана е исплата на 400.000 евра за 15 корисници на ИПАРД

t

Стопирана е исплатата на 400 илјади евра за 15 корисници на ИПАРД, поради скандалот со Платежната агенција, потврдува Министерството за финансии за порталот „Зелена берза“.

Од Министерството за финансии потврдиле и дека одлуката за времен прекин на исплата на средствата од ИПА/ ИПАРД програмата значи дека во овој момент Платежната агенција не смее да презема финансиски импликации односно „не смее да се склучуваат нови договори и да се вршат исплати за веќе склучени договори.“

Од Министерството велат дека во тек се дополнителни проверки во процесите на работа на Платежната агенција со цел да се утврди регуларноста на истите и да се добие увереност дека може да се продолжи со исплата на договорите, а тоа би значело и повлекување на времената одлука за прекин на исплатата на плаќања од страна на Националните структури.

-Сите барања за исплата со рок за исплата до 31.12.2025 година се исплатени, освен 15 корисници за кои треба да се исплатат околу 400.000 евра, кои се одобрени од страна на Агенцијата, но поради новонастаната ситуација истите не се доставени до МФ на исплата. Во рамките на АФПЗРР процесите на работа продолжуваат односно се обработуваат пристигнатите апликации и барања за плаќања, а истите ќе бидат процесирани при повлекување на суспензијата – пишува во одговорот од МФ за „Зелена берза“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…